05 Декември, 2025
0.0648

ФОТО: Најсмешниот кинески облакодер…засега

Објавено во: Стил 13 Октомври, 2013 11:14

Добивај вести на Viber

Степенот на изградба во Кина восхитува и фасцинира , но понекогаш изгледа и смешно . Во кинескиот град Суџоу беше изграден нов облакодер , наречен „Вратата на Истокот" . Неговата висина е 300 метри. Градските власти се надеваа дека појавата на нови високи згради ќе придонесе на градот углед како водечки глобален центар . Сепак, локалните жители сметаат дека облакодерот изгледа доста чудно и потсетува на панталони! 74- катниот облакодерот беше дизајниран од британската архитектонска фирма RMJM . Според авторите , облакодерот треба да ја прикаже Портата , во која Истокот се открива кон Западот. Зградата , исто така го симболизира триумфот на кинеската цивилизација и значењето на Кина во современиот свет . Цената на облакодерот се проценува на 700 милиони долари . Иако архитектите имаа добри намери , а градителите ги запазија со извонредна точност , општата форма на зградата се покажа доста чудна. Многу Кинези сметаат дека огромниот облакодер е многу сличен на машки панталони. Некои блогери дури предложија да ја преименуваат зградата во „гаќите на Истокот" . Критичарите, исто така ги обвинуваат властите дека го претворија градот во „зона за странски архитекти со смешни идеи " , објави The Daily Mail. Кина доживува бум во изградбата на големи структури. Најпознати проекти се зградата на Shanghai World Financial Center и стадионот „Птичјо гнездо" во Пекинг . Сепак , многу од новите згради станаа предмет на потсмев од страна на критичарите , кои сметаат дека овие архитектонски објекти ќе останат празни поради кризата . Облакодерот во градот Суџоу е најнов пример за перцепцијата на високите згради . Gherkin во Лондон доби навредливо име „краставица" , а жителите на Барселона и до денес ја мразат силуетата на Torre Agbar. Сеппак најгласни се критиките за облакодерот каде е новата канцеларија на весникот " Жанмин Жибао " - официјалниот весник на кинеската Комунистичка партија , која изгледа вака:

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: