05 Декември, 2025
0.0356

ФОТО: Најубави погледи од хотелските соби

Објавено во: Стил 15 Септември, 2013 11:18

Добивај вести на Viber

Погледот од прозорецот во хотелот е битен фактор за цената,  а некои хотелски соби не нудат само огромни прозорци , туку  и прекрасен поглед директно од креветот . Што e поубаво од тоа ? Луксуз директно под ѕвездите - и тоа во навистина голем град- Hotel AKA Central Park во Њујорк (САД ) нуди огромна тераса во пентхаус апартман - комбинацијата е беспрекорна . Кој сака , може да гледа ѕвезди со телескоп . И бидејќи станува збор за вистински луксуз , терасата е голема околу 100 квадратни метри и е опремена со удобни фотељи и огниште.  Цената на ноќевање е 2270 евра. Tender 2 во белгискиот град Кнок е т.н. поп - ап хотел , кој се поместува од едно место на друго . Мобилната зграда сепак е доста луксузна и нуди неверојатен поглед кон Северното Море - исто така директно од креветот. Освен личен батлер , џакузи и тераса , малиот, но луксузен хотел , има дури и со приватна плажа . Проблемот е само во донесување на решение на кое од сите убави места сакате да го потрошите своето време, а цената е 800 евра на вечер. Можете да останете и во A Room for London (Англија ), хотелски проект кој се наоѓа на покривот на Queen Elizabeth Hall и личи на брод . Мини хотелот нуди прекрасен поглед на градот и има место само двајца луѓе. Бродот се состои од горна и долна палуба и е наменет главно за уметниците , особено писателите. Цената е 350 евра за ноќ . Разбудете се и погледнете директно на еден од најимпресивните споменици на културата: Machu Picchu Sanctuary Lodge ( Перу ) . Тоа е единствениот хотел кој се наоѓа толку близу до познатите урнатини на Инките. Од собите глетката исто така е фантастична : восхитувачкиот свет на Андите . Во остатокот на хотелот , вклучувајќи и од двата ресторани , исто така, има прекрасни глетки , а градината е особено убава! Цената , сепак, е прилично висока - 800 евра . Во мај 2013 година се отворија вратите на грациозниот хотел The St . Regis Mauritius Resort . Пространите соби се луксузно опремени и нудат поглед на Индискиот Океан и полуостров Ле Морн. И ако креветот ви не е доволно блиску до морето , можете да уживате во прекрасниот поглед на приватната тераса - или директно на плажа  од која ве делат само неколку чекори . Ноќевање тука чини 450 евра . Кој гледа низ овој прозорец ќе почувствува мешавина од возбуда и страв . Глетката од Hilton Hotel Niagara ( Канада ) е кон светски познатиот водопад кој е а неверојатно блиску до луксузниот хотел. Околу 500 метри е висината на хотелската кула до Нијагарините водопади . Кој сака да ужива во луксузни објекти , може да се обиде да го резервира претседателскиот апартман на последниот кат , чија цена може само да се шпекулира ... бидејќи цените на нормалните простории , и тоа без гаранција дека имаат поглед кон водопадот , почнуваат од 105 евра .

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: