25 Април, 2024
0.0258

(ФОТО) НАЈУБАВИТЕ БОЖИЌНИ ПРИКАЗНИ: Дестинации каде да ги поминете празниците!

Објавено во: Стил 30 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Доколку уште не сте одлучиле каде би сакале да ги поминете претстојните божиќни и новогодишни празници, а сакате да патувате, неопходно е да знаете дека никако нема да згрешите ако се одлучите за некоја од овие четири дестинации.

Виена, Австрија

Најубавиот период од годината да ја посетите Виена е периодот околу Божиќ и Нова година. Виена сјае во декември. Фестивалска атмосфера, сијалички кои висат од секое дрво, а во текот на традиционалниот виенски настан, плоштадот пред градското Собрание е претворен во светлечка земја на чудата. 

Околу 150 продажни штандови изложуваат божиќни подароци, накит за елки, слатки и топли пијалоци. Дрвјата кои го опкружуваат центарот на градот свечено се украсени и сјаат во морето на украсни светулки. 


И додека го истражувате градот, морате задолжително да пробате „lebkuchen“ или „џинџер бред“, односно колачиња од ѓумбир, вафли, слатко од костени и готвено вино. После тоа, за целосно доживување може да заминете на романтично лизгање во „ Rathausplatz plaza“.

Никако не смеете да го пропуштите заминувањето во „Hofburgkapelle“ и хорот на виенските дечиња. Виена е град на новогодишните базари. Во период од средината на ноември па се до средината на јануари, доколку имате можности, задолжително посетете го овој град кој ќе ви остане во незаборано сеќавање.

Рејкјавик, Исланд

Невозможно е да го избегнете празничниот дух доколку го посетите Исланд и Рејкјавик за време на божиќните празници. Градот како да маѓепсува кон крајот на ноември. Огромно божиќно дрво е поставено на „Austurvöllur“. Прославата вклучува хорски настапи, како и масовно појавување на Дедо Мразовци на улиците. Вистински спектакл е да се посети божиќното село во градчето „Hafnarfjörður“, кое е целосно начичкано со продавнички кои нудат тардиционални подароци и храна, а мора да го посетите и Божиќниот пазар на плоштадот „Ingólfstorg“ кој има отворени многубројни тезги кои пордаваат различни украси и подароци. Градскиот музеј во Рејкјавик поседува изложба на која ќе научите се, од тоа како да направите свеќи или традиционален леб, до тоа како да научите да ги пеете нивнте божиќни песни. Дали знаете дека Исланд има божиќни пива? Наречени се по Дедо Мразовците Víking, Kaldi, Einstök jólabjór, Stekkjastaur. Пробајте ги задолжително, но ако не сте обожавате на пивото ќе уживате во најдоброто топло чоколадо кое некогаш сте го пробале.

Њујорк, САД

За многумина Њујорчани, почетокот на празничната атмосфера е ден кога пред „Rokfeler“ центарот здогледаат преубаво божиќно дрво. Тоа е традиција во Њујорк. Можете да се лизгате и истовремено да уживате во глетките на украсени елки со преку 30 000 лед сијалички. Понесете ги децата и остварете им ги соништата кога зачекорат во огромното царство на играчки „FAO Schwarz“ каде е можно да се свири клавир со нозе на огромната подна клавијатура како Том Хенкс во своевремениот филмски хит „Big“, апсолутно ќе полудат од задоволство. Понатаму продолжете со нив во „Macy Santaland“, вистинската зимска земја на чудата исполнета со играчки, божиќни дрвца, вили, сцени кои будат чуда во сите семејства.

Лондон, Англија

Во текот на божиќните празници Хајд Парк станува зимска земја на чудата. Лани во текот на божиќните празници повеќе од два милиони луѓе го посетиле овој парк. Традиционалните празнични елементи се големо лизгалиште, обиколки во друштво на Дедо Мраз, божиќна храна и шопинг секако. Плус, 2 огромни ролер костери. Циркуски претстави, познатото лондонско око, се само неколку од глетките кои му даваат магија на Лондон. Оксфорд и Риџент стрит се улиците кои во Лондон имаат најубава новогодишна понуда така да е доволно да се шета и ужива во глетки.

Ќе биде тешко да се одлучите каде да тргнете, но што и да биде вашата одлука нема да згрешите.

Доволно е само да понесете добро расположение.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти