18 Април, 2024
0.0236

ФОТО: Најубавите новогодишни елки поставени на градските плоштади!

Објавено во: Стил 19 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Елката е најпознатиот симбол на Божиќ! Градовите ширум светот се натпреваруваат во својата празнична декорација и во тоа кој ќе го постави највисокото и најубаво украсено дрво. Градските трошоци по овој повед се големи, но традицијата продолжува и покрај кризата. Еве неколку од најубавите божиќните дрва во различни градови: Њујорк Елката на Рокфелер Плаза во центарот на Њујорк е најпознатата елка на САД. Традицијата датира од 1931 година. Оттогаш овде се поставува вистинска елка исечена од шумите околу и таа е симбол не само на празникот, туку и на јачината на градот да преживее и да се издигне од течкотиите како неодамна од ураганот Сенди. Рио де Жанеиро Рио го осветлува елка  висока 85 метри со метален скелет, со што влезе во Гинисовата книга на рекорди. Убавицата е украсена со 3 милиони светилки. Должината на венците е неверојатни 105 километри. Според традицијата, за време на официјалното палење на светлата на оваа елка се собраа над 100 илјади граѓани кои го набљудуваа шестминутниот огномет. Лондон Веќе 65 години за Божиќ норвешката престолнина Осло им подарува на жителите на Лондон елка како знак на благодарност за помошта дадена од Велика Британија за време на Втората светска војна. Оваа година 65 - метри високата елка на Трафалгард сквер беше поставена и украсена на почетокот на месецов, додека сијаличките свечено беа запалена на 6 декември. Прага 36 000 светилки ја красат оваа елката во Чешка, која се наоѓа во историскиот центар на Прага. Сиднеј За декорација на елката во  Сиднеј, 12 лица работеа повеќе од една седмица. Оваа година елката во Сиднеј заблеска со 58 000 сијалички, 90 бели балони и над 150 ѕвезди. Солун Без оглед на длабоката криза, празниците во Грција сепак не се откажани!?! Покрај 65 метарско дрво, во согласност со старата традиција градот е украсен со брод со илјадници светилки. Париз Во оваа зима Галери Лафаит-познатиотбренд на парискиот булевар Осман, слави 100-годишнината од поставувањето на  својата позната купола во стил Арт-нуво. По тој повод во центарот на продавницата беше поставена раскошна елка од Сваровски, украсена со кристални свеќници.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре