17 Декември, 2025
0.0495

(ФОТО) Неколку илјади работници на протест во Белград против новиот Закон за труд!

Објавено во: Балкан 17 Јули, 2014 21:08

Добивај вести на Viber

Со голем протест на кој присуствуваа повеќе од 5.000 работници српските синдикати се обидоа да го спречат изгласувањето на новиот Закон за труд, побараа оставка од министерот и најавија штрајкови. Со симболичен „погреб“ на социјалниот дијалог, за кој одржаа и минута молчење, синдикалците побараа новото трудово законодавство веднаш да се повлече од процедура затоа што е „штетно за работниците, а корисно за тајкуните“. „Велат дека сме против реформи. Тоа не е вистина. Ние сме ЗА реформи, но не секогаш преку наш грб“, вели синдикалниот лидер Љубисав Орбовиќ. Централниот протест се одржа пред Парламентот, каде што работниците со гласни извици и свирежи ги предупредија народните избраници да не гласаат за предложеното законско решение. Работниците стравуваат дека новото законско решение ќе донесе намалување на платите, откази и уште поголема сиромаштија. Српскиот министер за труд Александар Вулин останува на ставот дека предложениот закон е подобар од досегашниот. „Сега работодавачот мора два пати да размисли дали со „тенко“ образложение може некого да отпушти. Дали му се исплаќа тоа ако дојде до судски спор... Тоа е нова работа која сосема оди во корист на работниците“, уверува Вулин. Работниците сепак сметаат дека најголем дел од одредбите се штетни за нив и најавуваат дека ќе собираат потписи за референдум за да го оспорат новото законско решение.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни