26 Април, 2024
0.0270

ФОТО: Нова година во европските метрополи, еве во кои хотели да се сместите!

Објавено во: Стил 23 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Ако сакате новогодишната ноќ оваа година да биде посебна, прославете ја во странство. Вотка-забава во Москва, безгрижни концерти во Лисабон или голем огномет над Босфорот во Истанбул - што би одбирале? Многу европски градови привлекуваат туристи со своите обичаи и прослави на новогодишната ноќ, но цените на хотелите таму се премногу високи. Сепак, се наоѓа и поевтино.Од порталот 0„Bild.de“ објавија десет хотели, кои важат за одлични, а чии цени почнуваат од само 30 евра. Еве ја листата! „Istanbul Golden City“, Истанбул Новогодишно празнување како од "Илјада и една ноќ" во модерниот мегаполис Истанбул. Хотелот има четири ѕвезди и огромна тераса со прекрасен панорамски поглед на градот. Луксузните соби со поглед можат да бидат резервирани во периодот од 30.12 до 01.01. за 57 евра по лице во двокреветна соба со појадок. „Hotel Ayre Gran Colón“, Мадрид Во шпанската престолнина Мадрид туристите се собираат на плоштадот Пуерто дел Сол, каде часовникот на кулата ја соопштува Новата година. Во последните секунди од старата година, обичај е да се  јадат дванаесет зрна грозје за среќа во новата година. Потоа се слави со шампањ и конфети до следното утро. Во близина на реонот Саламанка и познатиот парк Ретиро се наоѓа хотелот „Ayre Gran Colón“. Гостите можат да одморат од бучната новогодишна забава во собите по цени од 38 евра по лице во двокреветна соба. (30.12.2012 - 01.01.2013) „Hotel Melià Roma Aurelia Antica“, Рим На Шпанските скали во Рим или на плоштадот Пјаца дел Пополо, Италијанците ја слават Нова година, како да нема утре! Папата дава говор за новогодишните празници на плоштадот "Свети Петар". А по прославата можете да уживате совршено блиску до центарот, во хотелот „Melià Roma Aurelia Antica“. Хотелските соби располагаат со големи прозорци. На располагање се по цена од 45 евра по лице во двокреветна соба за периодот 30.01.2012 - 01.01.2013. Хотел „The Westin Zagreb“, Загреб Посетителите на Загреб слават по обилна вечера со пршута, леб и супа на главниот плоштад на градот Бан Јелачич. Славењето е придружено со музика во живо и танц до утрото. На полноќ гостите на градот можат да уживаат во спектакуларен огномет во центарот на градот. Ако отседнете во хотелот „The Westin Zagreb“, ќе Ви бидат во близина сите знаменитости на градот, вклучувајќи ги и театарот и операта. Опуштете се во пространи соби или во едно од кафулињата во околината. Собите се по цени од 45 евра по лице на вечер во двокреветна соба. (30.12.2012-01.01.2013) „Sheraton Lisboa Spa & Hotel“, Лисабон Посетители од целиот свет ја слават Нова година во Лисабон и уживаат во одличната шоу-програма. Обично потоа одат во соседствотото во  „Bairro Alto“, кој е познат по многуте барови. На три километри од „Praca do Comércio“ и од трговскиот центар Коломбо се наоѓа „Sheraton Lisboa Spa & Hotel“, кој нуди удобно и достапно сместување. Во висококвалитетниот хотел собите се опремени со мебел од темна кожа, а меките и лесни ткаенини создаваат пријатен контраст. Собите се по цени од 45 евра по лице во двокреветна соба за периодот од 30.12.2012 до 01.01.2013. Хотел „Tegnerlunden“, Стокхолм Многу снег, ладен шампањ и остриги може да очекувате во новогодишната ноќ во Стокхолм. Камбаните во паркот „Skansen“ го соопштуваат доаѓањето на новата година. Најсилните слват во „Ice Bar“, кој е изграден целосно од снег. Дури и чашите се од мраз! Хотелот „Tegnerlunden“ пак е добра опција ако сакате топло! Се наоѓе во близина на стариот град во центарот на Стокхолм, а  гостите се пречекуваат во собите со типичен шведски шарм. Тие се по цена од 52 евра по лице за ноќевање во двокреветна соба. Вклучен е и доручек. (30.12.2012-01.01.2012). Хотел „Maxima Panoram“,Москва На Црвениот плоштад во Москва се слави со многу вотка и песни.Малку пред полноќ сите го гледаат говорот на претседателот, по кој следи огромен огномет. Сместување по пристапни цени можете да најдете во хотел „Maxima Panoram“.В 123-те соби на хотелот гостите можат да очекуваат големи легла во бела и беж боја, како и убав поглед. Цените почнуваат од 30 евра по лице за ноќевање во двокреветна соба. Хотел „Castor the Vine“, Берлин Берлин е исто така добра опција за новогодишната ноќ. Над милион луѓе се собираат на 31 декември меѓу Колоната на победата и Бранденбуршката порта. На полноќ со спектакуларен огномет се осветлува ноќното Берлинскиот небо. Совршен хотел за секој е луксузниот хотел „Castor the Vine“. По забавата гостите можат да се релаксираат во кревет со прекрасни златни ќебиња и да спуштат тешките темноцрвени завеси. Цените почнуваат од 59 евра по лице во двокреветна соба. „Hotel Rica Holberg“, Осло Норвешката престолнина ветува безгрижна Нова година. Таму, и покрај студот, се прославува на отворено, на пример, на пристаништето каде што може да видите добар огномет. Потоа забавата продолжува во баровите и клубовите. Првата ноќ од новата година можете да ја поминете во „Hotel Rica Holberg“. Појадок се служи во одличен ресторан со стаклен покрив. Цените почнуваат од 71 евра по лице за ноќевање во двокреветна соба со појадок. „Sport Hotel Paris“, Париз Туристите кои ќе го изберат Париз за своја новогодишна дестинација, ги очекува Ајфеловата кула и одличното расположение на  Шанселизе. Особено убава е глетката кон осветлениот град од ридот Монмартр. Со шампањско може да ја почнете прославата пред да продолжите во реонот околу Бастилија и соседството „Saint-German“. Хотелот „Sport Hotel Paris“ во центарот на градот е идеален за новогодишно патување. Хотелот има комфорни соби од многу темно дрво. Цените почнуваат од 80 евра по лице во двокреветна соба за периодот 30.12.2012-01.01.2013.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти