06 Декември, 2025
0.0264

(ФОТО) Од авион до луксузен апартман

Објавено во: Стил 03 Јуни, 2014 20:29

Добивај вести на Viber

Во склоп на хотелот Costa Verde во магичната Костарика, стар авион е реновиран и претворен во луксузен апартман...

 Пред да стане двособна хотелска соба, Боингот 727 леташе за  Avianca Airlines.

Секое праче на овој авион индивидуално е транспортиран од аеродромот Сан Хосе, низ џунглата и повторно составен на држач од 50 метри висина. Поради висината и погледот кој го нуди пред вас ќе имате чувство дека летате.

Од стар авион е направен фантастичен двособен апартман во ова одморалиште, омилен апартман за свадби, меден месец и романтика. Мебелот е рачно направен а секој од двата апартмани има свој тоалет, тв со рамен екран, целосно опремена кујна, како и голема тераса која се наоѓа под левото крило со директен поглед на океанот и џунглата.

Ноќите поминати на оваа тераса со чаша вино, ќе ви остане во долго сеќавање, бидејќи вашите први соседи ќе бидат мрзливците, мајмуните и други животни.

Ова е навистина оригинален начин да се привлечат гости во хотелот Costa Verde.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: