(ФОТО) ОГНОТ НИШТО НЕ МУ МОЖЕ: Се гради највисокиот облакодер од дрво
Објавено во: Стил 06 Септември, 2018 15:41
Највисокиот облакодер од дрво во светот, висок 80 метри го гради Норвешка.
Објектот ќе биде отпорен на оган, ќе биде изграден од специјален материјал и ќе може да „преживее“ во случај на пожар.

На 100 километри на север од главниот град Осло, во близина на езерото Мјос ќе биде сместен истоимениот облакодер од 18 ката. Облакодерот ќе биде отворен во 2019 година и ќе располага со станови, базен, хотел, ресторан и канцеларии.
„Безбедносните мерки за пожар се јасни, зградата ќе биде отпорна на пожар најмалку два часа без да се урне. Кога имате зграда направена од челик и бетон, челикот се топи во случај на пожар и зградата паѓа“- вели Ерик Твеит од фирмата изведувач Hent AS.
Со употребата на дрва како обновлив материјал ќе се редуцира застапеноста на јаглерод диоксид, за разлика од бетонот кој е основен материјал за стамбени згради.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





