(ФОТО) Ова е местото на несреќата каде загинал Шабан: Возилото смачкано
Објавено во: Општо 17 Февруари, 2019 13:26
И германските медиуми пишуваат за сообраќајната несреќа во која загинал српскиот фолк пејач Шабан Шаулиќ.
Тој загинал во тешка сообраќајка на патот Бифилд-Бутерслох, во ноќта помеѓу саботата и неделата (16 кон 17 февруари). Според пишувањата седел на сопатничкото возило.
Спасувачката служба добила повик утринава околу 6.50 часот дека на автопатот А2 во правец на Дортмунд се случила тешка несреќа во која учествувале две возила-пишува Westfalen-blatt.de за несреќата во која животот го изгубил популарниот пејач на народна музика.

До 9,30 часот патот бил непрооден, бидејќи пожарникарите два часа четири повредени луѓе извлекувале од смлечканите возила.
Вознемирувачки фотографии од местото може да се погледнат тука.
Покрај Шабан во автомобилот биле и музичарите Мирсад Кериќ и Бобан Стојадиновиќ, а според последните информации, Кериќ е во тешка состојба додека на Бобан му се скршени три ребра.
Друг германски медиум пишува дека возачот на „Маздата“ бил под дејство на алкохол.
Foto: westfalen-blatt.de
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





