06 Мај, 2024
0.0220

ФОТО: Ова е најскапиот стан во центарот на Менхетен

Објавено во: Стил 14 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Сопственикот на кошаркарскиот тим Хјустон Рокетс од НБА платил 42 милиони долари за Пентхаус во близина на приватниот парк Грамарси во центарот на Менхетен , објави Daily Mail. Со оваа зделка, Лесли Александер руши нов рекорд во секторот на недвижности , бидејќи тоа е највисоката цена платена за стан во центарот на Менхетн , според Wall Street Journal. Станот е со површина 590 квадратни метри и располага со пет спални , пет бањи , библиотека и галерија. Станот, исто така има четири тераси со вкупна површина 175 квадратни метри , од кои едната гледа кон паркот. Седумдесет годишниот Александар , чие богатство се проценува на околу 1,2 милијарди долари , има дадено аванс од околу 8,4 милиони долари за станот , а месечните рати за хипотека му изнесуваат 194 681 долари. Пентхаусот е лоциран на 17-тиот и 18 -тиот кат на зградата. Александар , кој е поранешен трговец од Волстрит, ги купува Хјустон Рокетс во 1993 година , а во првата сезона за него како сопственик тие ја освоија првата титула во НБА , која ја одбранија во 1995 година по што Александар беше прогласен за најдобар сопственик на тим во НБА од Forbes во 2008 година. Милионерот има лозја во Лонг Ајленд и придружната компанија Leslie Wine ја основа во 2008 година. Располага и со имот во Хјустон .Александар се разведува со неговата сопруга Ненси во 2003 година, а на неа и плаќа 150 милиони долари за разводот .