06 Декември, 2025
0.0405

ФОТО: Ова е најстрашниот пат на светот!

Објавено во: Стил 18 Ноември, 2013 21:31

Добивај вести на Viber

Добредојдовте на најстрашниот пат во светот . Тој се наоѓа на 110 метри височина врз огромна карпа и е единствената врска на едно мало село со остатокот од светот. Патот е долг 1250 метри и минува преку месноста во централната кинеска провинција Хенан , а е ископан во карпата пред 40 години . Тој е единствената врска на жителите на кинското село со остатокот од светот. На него работеле 14 локални селани без да користат машини - го копале рачно . Пред патот да биде изграден , на негово место имало 720 исклучително опасни скали. Тие биле стрмни , тесни и без огради. Тоа го натерало градоначалникот на селото да почне изградбата , во кој се користиле 4 000 големи чекани. Патот и денес е широк само четири метри , а на местата каде што се пробива во карпите има височина од едвај пет метри.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: