(ФОТО) Ова е Windows 9
Објавено во: Стил 12 Септември, 2014 14:30
Windows 9 Preview ќе биде објавен кон крајот на овој месец, но бројните „screenshot-ови “ кои ја покажуваат оваа верзија на оперативниот систем во акција, веќе се појавија на интернет.
Германскиот сајт computerbase.de во текот на вчерашниот ден ги објави овие screenshot-ови, порачувајќи дека се дел од Windows 9 Technical Preview изградба на 9834.
Како што можете да видите од прегледот на фотографиите, preview верзијата на Windows 9 ќе има бројни функции за кои се говореше во последно време меѓу кои е и центарот за известување.
Иако се шпекулираше дека Windows 9 Preview ќе биде објавен без Старт менито, изгледа дека тоа веќе е тука, и содржи дизајн сличен на оној што Microsoft веќе го презентираше на BUILD 2014 конференцијата во април.
Старт менито е микс од класичен Windows 7 дизајн со модерни елементи. Во исто време, ни покажуваат и повеќе десктпови во акција, каде тастерот на дното на екранот овозможува да се префрлите од еден на друг десктоп.
Центарот за известување е исто така тука, и би требало да ја има истата улога како кај Windows Phone 8.1 платформата, односно да корисникот го одржува во тек со она што се случува на десктопот.
Windows 9 Preview ќе биде достапен за дваесеттина дена, но сепак не можеме да тврдиме дека сите овие функции ќе бидат присутни во него.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:








