08 Мај, 2024
0.0231

ФОТО: Ова се најдобрите крајбрежни одморалишта во светот

Објавено во: Стил 26 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

„Forbes Travel Guide“ ја подготви листата на најдобрите крајбрежни одморалишта во светот. Нивото на луксуз и различните активности и услуги понудени на гостите, биле пресудни за тоа кој ќе влезе на оваа листа. Еве и кои се избраните одморалишта: Four Seasons Resort Мауи, Хаваи Тука гостите се сместуваат што е можно поблиску до брановите на Тихиот Океан. Благодарение на U-форматана хотелот повеќето соби во него имаат целосен поглед кон океанот. Гостите можат да работат на спортската форма и тенот во отворената сала за кардио вежби, да веслаат кајак и да добијат лични часови по сурфање- ова е само дел од понудата овде. The Ritz-Carlton, Лагуна Нигел, Калифорнија Гостите на „Ritz-Carlton“ уживаат во неверојатен панорамски поглед на окенот од 45-метарски рид во округот Оринџ. Под него ги очекува плажата Солт Крик и личен асистент кој им обезбедува лежалки и пијалоци и им помага на децата да градат замоци од песок. Ocean House, Воч Хил Роуд Ајленд Денес „Ocean House“ е копија на оригиналниот хотел кој привлекува туристите кога ги отвора вратите за прв пат во 1868 година. Собите во хотелот се светли и поладни, а повеќе од нив имаат тераси, кои откриваат спектакуларен поглед кон океанот. Montage Laguna Beach, Калифорнија „Оринџ каунти“ одамна е сметан за место каде што одат најубавите луѓе на светот одат, но само за да одмараат. Нема потреба тие да купуваат куќа во Њупорт Бич, за да живеат овде. Соба во „Montage Laguna Beach“ исто така би била доволна. WaterColor Inn & Resort, Санта роза Бич, Флорида Флорида е дом на бројни крајбрежни одморалишта. „WaterColor Inn & Resort“ се издвојува од останатите поради малиот број гости, но и своите големи прозорци и поглед кон водата. Acqualina Resort & Spa,  Флорида Луксузот си има и свои предности. Кога човек престојува во овој хотел во близина на Мајами единствените луѓе со кои треба да се дели чистата плажа се само другите гости на хотелот. Mandarin Oriental, Кина Посетителите на „Mandarin Oriental“ одат во „Coral Bay Deluxe Villa“ од каде има неверојатна панорама кон Јужното Кинеско Море. Viceroy, Ангвила Живописните гребени и мистериозни остатоци ги има во Карипското Море. Гостите  овде можат да ги истражуваат чудата кои се кријат под морската површина на тиркизните води. Друга екстра уживанција е спа центарот со површина 745 квадратни метри - оаза на опуштеност со поглед на Карипско Море. The St. Regis, Бора Бора „Поглед кон океанот" добива целосно нова смисла во одморалиштето „St. Regis“ во Бора Бора. Вилите во вода со една или две спални имаат стаклени панели на подот кои нудат на гостите постојана глетка кон  Бора Бора. Sugar Beach, Света Луција, Карипското Море Длабоките сини води и блоковите на брегот планината се вистинско доживување на „Sugar Beach“. Луксузните бунгалови на брегот се неверојатно место каде човек може да ужива во зајдисонцето на Карипско Море.