04 Мај, 2024
0.0253

(ФОТО) Овие билки се смрт за комарците

Објавено во: Стил 28 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Доколку сакате во текот на претстојните летни вечер да уживате во својот двор или тераса, а забавата да не ви ја уништат комарците, еве едноставни, а природни трикови со чија помош би мжеле да се спасите.

Рузмарин, Лимон, Каранфилче

Ако сакате да уживате во најубавите летни часови, а притоа да не ве вознемируваат досадни инсекти, свртете се кон решение од природата. Во жарче додека печете скара ставете едно гранче рузмарин како би ги истерале од журката, а како додаток на маса ставете лимон пресечен на пола, па во него ставете каранфилче. Освен што ќе изгледа убаво ќе шири освежувачки мирис кој никако не им се допаѓа на инсектите.

Во непосредна близина на терасата или во балконските жардинерии посадете билки кои ќе ви бидат ефикасни другари во борбата против ситните крвопијци.

Маточина

Маточината е вистинска легенда помеѓу билките кои ги „тераат“ мувите. Етеричното масло кое содржи освежителен мирис, а одлично се покажа и во борбата против летачките инсекти. Доколку прекасно регаиравте, и ве каснал комарец, , маточината ќе ви помогне. Наберете свеж лист и со прстите на местото на каснуваањето исцедете сок, па оставете да се исуши. Чешањето ќе се изгуби за неколку секунди!

Лаванда

Лавандата не само што на балконот и терасата им дава медитерански шарм, со својата миризба се бори против досадните муви и комарци, па затоа билката со ситни виолетови цветови мора да се најде во вашето опкружување. Етеричното масло од лаванда е единствено масло кое може да се нанесува на кожата во неразреден облик. Интензивната арома која ја шири никако не им годи на инсектите.

Тамјаника

Ако сакате егзотични билки и притоа сте љубители на модерни висечки корпи, вашиот избор во борба против инсектите може да биде темјанката. Нејзините етерични масла ќе се погрижат инсектите да ве заобиколат во широк круг.