19 Април, 2024
0.0243

ФОТО: Петте најинтересни куќи во светот

Објавено во: Стил 22 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Луѓето можат да живеат практично насекаде, тоа ќе ви го покажат следните слики. Овие убави и уникатни локации за живот се сведоштво за човековата креативност и генијалност. Од дом со авион на покривот до иновативен дом со сончев часовник, кој сам се затоплува.

Ова се 5-те најинтересните куќи во светот, избрани од Ројтерс.

Овој осмоаголен дом со три спални е изграден на вртливата платформа во Австралија. Изградбата на куќата е чинела 700 000 долари. Таа се врти околу својата оска еднаш на секои 30 минути.

Лиу Линчао си изградил импровизирана куќа, во која да живее, додека се враќа пеш до неговиот роден град во Кина. Тој оди од пет години со тежина од 60 килограми. Куќа е направена од пластични кеси, чаршафи и бамбус.

Оваа куќа е качена на карпа во реката Дрина во Србија. Група млади мажи одлучуваат дека скалата е идеално место за изградба на засолниште во 1968 година.

Овој дом во Нигерија е делумно дизајниран во форма на авион. Тој се наоѓа во град Абуџа и е изграден од двојка, која имала за цел да ја покаже љубов кон патувањата.

Оваа сончева куќа во источна Франција е дизајнирана како тродимензионален сончев часовник, во кој температурата е ниска во текот на летните месеци и се зголемува во зима, есен и пролет.

Можеби ќе ве интересира

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре