(ФОТО) По 30 години кај нив падна снег
Објавено во: Свет 06 Јануари, 2018
По триесет години на Флорида падна снег. Ова е предизвикано од силната циклонска бура што го погоди овој дел од Америка.
Луѓето не излегуваат на улица без потреба, а градските власти во САД и Канада апелираат сите да се дома до зајдисонце, затоа што во некои делови температурата ќе се спушти до -40 степени.
Во Америка досега има 18 мртви, премрзнати на студот. Властите во Канада се обидуваат да најдат брзо решение за згрижување на бездомниците, кои се во многу голем број.
Ваква студена зима одамна немало во Америка.