05 Декември, 2025
0.0558

ФОТО: Подземна палата во Калифорнија се продава за 53 милиони долари

Објавено во: Стил 28 Јуни, 2013 21:51

Добивај вести на Viber

Однадвор оваа палата изгледа како елегантен ранч во шпански стил, но Хасиенда де ла Паз, која што се наоѓа во Калифорнија всушност е многу повеќе од тоа. Цената на зградата што неодамна беше ставена на продажба е 53 милиони долари. Таа ги исполнува градежните барања во луксузниот град Ролинг Хилс, каде што зградите имаат само по еден кат. Сепак овие стандарди немаа посебни ограничувања за изградба под земјата. Она што не може да се види од улица, се петте неверојатни ката на зградата под земја со површина од 4 600 квадратни метри, достапни преку лавиринт од ходници, два лифта и тајни скалила. Подземни палата има и тениско игралиште, а просторијата во која се наоѓа спортскиот објект може да биде трансформирана во сала со капацитет од 350 лица.Куќата има 6 спални и 25 бањи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: