(ФОТО) ПОЛИЦИСКА ВИЗИТА КАЈ ЈАНЕВА - проверка во станот на нејзиниот син
Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2019 09:37
ФОТО: ФАКТОР
Полицијата си ја врши својата работа.

Денеска рано утрово двајва униформирани полицајци го посетија домот на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, каде што ја издржува мерката куќен притвор, што беше регистрирано од екипата на Фактор. Тие таму не се задржаа буквално ни една минута, односно откако се уверија дека таа е во станот каде што престојува, а кој е на нејзиниот син, веднаш си заминаа, напуштајќи зградата во која живее Јанева.

Кога одредени лица издржуваат мерка куќен притвотр, логично е полицијата континуирано да врши контроли, со цел да провери дали лицата се придржуваат на мерката и не го напуштаат својот дом.
А како што предмалку објавивме, поранешната обвинителка на СЈО, Катица Јанева, за прв пат е фотографирана во куќен притвор, откако пред два дена замина од истражниот затвор во Шуто Оризари.
Обвинетата во случајот „Рекет“ е фотографирана од своите соседи, а фотографијата беше споделена на социјалните мрежи утрово.
Станува збор за фотографија во зграда на улица Митрополит Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје спроти студентскиот дом Кузман Јосифовски - Питу.
Тоа сега е новата адреса на поранешната специјална обвинителка.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Давкова: Ако сме милостиви, тогаш зошто има толку суровост меѓу нас?
Доктор Беќаровски предупредува: Седењето е поопасно и од пушењето
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село





