(ФОТО) Природната граница каде завршува Босна, а почнува Херцеговина
Објавено во: Стил 06 Јуни, 2014 19:48
Иако температурите наговестуваат дека летото уште не е пристигнато, овие фотографии од планината Радуша во Босна и Херцеговина, каде снегот на надморска висина од скоро 2.000 метри се уште царува, ќе ви покажат дека не е така.
Од Радуша, природната граница каде завршува Босна, а под неа е распослана Херцеговина, има фантастичен поглед кон Рамското езеро, а чувството дека се уште е зима е реалност. Радуша е фасцинантна планина која се протега на подрачјето помеѓу Вуковското поле на северозапад, преминот Захум и јужно кон Рама со големото вештачко езеро и планината Стожер на северозапад кон превојот Маклен на исток.
Локалното планинарско друштво ХПД Рама неодамна успеа да се искачи на највисокиот врв од оваа планина -Идовац (1.956 метри), а од каде има фантастичен поглед на прекрасното Рамско езеро.
Снегот се уште обилно ги прекрива врвовите на Радуша, како и блиските планини како Враница каде снежни наноси има и во текот на летните месеци. Меѓутоа, овие слики во кои се уште може да се забележи снегот на Радуша всушност се знак за пролет бидејќи станува збор за подрачје каде во текот на зимата паѓа снег во изобилство, со просек од преку 80 сантиметри во повеќе од 120 дена од годината.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:










