08 Октомври, 2024
0.0263

(ФОТО) Просто да се чудиш: Во Сенегал никнува футуристички град за 2 милијарди долари

Објавено во: Стил 11 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Сенегалските власти веќе долго време сонуваа да изградат нов урбан центар наспроти растечката пренатрупаност на главниот град Дакар. Со население од повеќе од три милиони, трошоците за домување во градот нагло се зголемуваат, а очигледно се високи нивоата на невработеност. Секој ден, локалните луѓе се соочуваат со пренатрупани и валкани патишта, премногу превоз а големи групи невработени се движат по улиците.

Сепак, нова идеја ветува дека ќе го реши овој проблем. Откако беше одобрена во 2013 година, градежната компанија мора да ја заврши изградбата на Диамниадио, футуристички град, кој ќе се наоѓа на помалку од 20 милји од Дакар, до 2035 година. Кон крајот на минатата година, министерот за проектот Шеик Канте посочил дека проектот е околу 80 отсто завршен.


Кога ќе заврши, Диамниадио ќе покрие 4.000 хектари и ќе има индустриски парк, многу забавни локации и универзитет за околу 30.000 студенти. Проектот, исто така, ќе обезбеди комбинација на луксузни, средни и прифатливи станови за околу 350.000 жители.

Покрај целта за намалување на застојот, проектот е дел од националната стратегија за промовирање на економскиот раст. Иако економијата на Сенегал расте годишно околу 6%, јавниот долг на земјата се зголемил на скоро 61% од БДП.

Критичарите на проектот се загрижени дека цената од 2 милијарди долари дополнително ќе ја чини уште повеќе економијата на земјата. Други стравуваат дека градот ќе биде недостапен за повеќето жители на Сенегал.

И покрај овие загрижености, градот е ремек-дело во урбанистичкото планирање. Еден од главните проекти, Diamniadio Lake City (DLC), комбинира модерна, апстрактна архитектура во однос на богатата историја и култура на нацијата. Погледнете го дизајнот подолу.

Дизајнот на DLC е инспириран од Сенегалската култура и пејзажи


Заоблените форми и наклонети линии личат на аморфни алги од блиското езеро, како и на силуетите на традиционалните женски скулптури.

За да остане да потсетува на природниот пејзаж, секоја структура е изработена од бакар - елемент кој се наоѓа во земната кора.


Другите материјали што се користат за изградбата вклучуваат панели од стакло, челик и бетон што се спојуваат за да формираат сјаен мозаик од згради.

Најпознатото дрво во Сенегал - баобаб - е главниот извор на инспирација за проектот.


И покрај што опстојуваат 2.500 години, баобабите  се жртви на климатските промени и зголемувањето на глобалните температури. Проектот DLC инсталира зелени покриви и користи технологии за обновлива енергија. Ова е исто така еден од првите проекти што се сертифицирани според LEED во земјата.


Градот ќе се наоѓа на 15 минути од новиот меѓународен аеродром Блејз Дијајн. По завршувањето, исто така, ќе има своја железничка станица.

Оо областа за забава на DLC ќе има трговски центар (на сликата подолу), национална библиотека и висококвалитетно домување, дури и хотел со 5 ѕвезди.


И пешачка зона со многу модерни брендови.


Во текот на ноќта, зградите ќе имаат извонредна сличност со измислениот град Ваканда.