ФОТО: Пукет-најпопуларната туристичка дестинација на Тајланд
Објавено во: Стил 09 Декември, 2012 10:14
Главен град е Пукет Таун, а најпознатото одморалиште, каде редовно одат познатите личности е Патонг. Тука е фокусиран ноќниот живот на островот и се наоѓаат повеќето пазари интересни за бројните туристи. Истоимената плажа, Патонг Бич -се смета за една од најубавите во светот. Инаку плажите се наоѓаат на западниот брег, бидејќи источниот дел е ридовит.
Едно од најпознатите романтичните места на Пукет е носот на Брама - рид од кој може да се набљудува неверојатеното зајдисонце.
Еден од најпрофитабилните бизниси, со кој се издржуваат локалните луѓе е секако-нуркањето. Околу Пукет има многу корални острови, па за туристите нуркањето е големо задоволство.
Друга атракција која се нуди на островот, е „Andaman Sea Kayak“ - екскурзија со кану што ги истражува морските пештери и лагуни.

Во забавниот парк „Fanta Sea“ пак туристите можат да го набљудуваат егзотичното шоу, посветена на историјата на Тајланд. Тоа вклучува магична претстава и воздушен балет, акробатична трупа, циркуски точки со учество на повеќе од 30 слонови, птици и биволи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





