(ФОТО) Река тече низ „Пластичарската“ улица во Скопје
Објавено во: Мои пари 08 Август, 2014 16:01
Како што беше најавено денеска времето ширум земјава е облачно и нестабилно со дождови и грмотевици.
Пред околу двесетина минути главниот град беше зафатен од краток на некои места јак дожд. Низ „Пластичарка“ улицата беше речиси поплавена како што можете сами да забележите на фотографиите.
Стабилизација може да очекуваме од утре.
Според прогнозите во сабота ќе биде претежно сончево и топло. Попладне наоблачување ќе има во западните и југозападните предели. Ќе дува слаб северен и северозападен ветер, а понекаде во западните предели ќе дува слаб североисточен ветер. Утринските температури од 11°C до 20°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 26°C односно до 35°C. УВ индекс 8.
Сончево и топло ќе биде и во недела. Слаб северен и северозападен ветер, а во источните предели слаб североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 13°C до 22°C, а максималните дневни температури ќе достигнат до 28°C односно до 37°C. УВ индекс 8.
(Фото: Фејсбук)Можеби ќе ве интересира
ТАВ Македонија го прослави 3 милионитиот патник во една година на Меѓународниот Аеродром Скопје
Македонија2025 со рекордни резултати во 2025: поддржани 2.573 лидери и таленти, 168 бизниси и 190 стипендисти
Дијалог меѓу традицијата и современоста во Скопје Cити Mол
СО ПОДДРШКА ОД ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА, ОПЕРСКАТА КЛАСИКА „СЕВИЛСКИОТ БЕРБЕР“ ВО МОБ
Како пензиските заштеди стануваат дел од иднината на целото семејство
Празничен промо депозит од ПроКредит Банка - Повеќе добивка за одличен старт на 2026
Louis Latour — Вечер на луксуз и бургундска елеганција во Salvatore
ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција во локалната економија и реализација на ветената експанзија








