(ФОТО) Ротирачка куќа во Техеран која нуди неодоливо задоволство
Објавено во: Стил 16 Септември, 2014 18:30
Техеран на лаиците им буди секакви асоцијации , но оваа е една која не е така честа. Погледнете ја оваа куќа во која собите можат да се движат за 90 степени, зависно од расположението на сопственикот или времето.
Зад оваа паметна и изненадувачка „Sharifi-ha“ куќа стои архитектонското студио Next Office со седиште во Техеран. Зашто паметна? Куќата има моторизирани ротирачки кутии во кои се сместени соби на три нивоа кои можат да се завртат за дури 90 степени, со притискање на копче од расположението на сопственикот или времето.
Објектот е завршен минатата година, а инспирирана е од старите ирански вили кои традиционално се иградени со летни и зимски дневни соби.
„Неизвесноста и флексибилноста лежат во срцето на дизајн концептот на овој проект“, наведуваат дизајнерите, додавајќи како флексибилниот дизајн и дозволува на куќата да биде „интровентна или екстровентна“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:








