(ФОТО) Синиот рај и високите планини со шарени куќи: Најубавите гратчиња на крајбрежјето Амалфи
Објавено во: Стил 25 Август, 2018 13:22
Неверојатната комбинација на море, шарени градови и планини го направи брегот на Амалфи најпосакувана туристичка дестинација. Патот кој се наоѓа покрај брегот е многу интересен и живописен. Еве ги најубавите градови што треба да ги посетите ако одлучите да одите во овој дел од Италија.
Соренто

Соренто е најпристапен град на брегот. Тој нуди најдобри опции за луѓето кои сакаат да ја посетат областа и затоа бројот на туристи е голем.
Постијано

Шарени куќи, карпи и падини го красат овој дел од Амалфи брегот. Постијано е град познат по својот богат ноќен живот.
Салерно

Во јужниот дел на Амалфи е урбанизираниот град Салерно. Може да се стигне по пат или со воз. Чамци се исто така опција. Градот е поевтин од малите села.
Сетара

Морската храна и плажите ја прават Сетара едно од најдобрите места на Амалфи брегот. Можете да стигнете до песочна плажа со брод и да уживате во вкусна кујна. Местото е многу популарно за свадби поради црквата Апостол Свети Петар.
Мајори

Овој прекрасен мал град има најмногу недопрена плажа. Тоа е омилено место за снимање филмови и тука се одржува годишен филмски фестивал. Мајори има две други популарни атракции - црквата Санта Марија и урнатините на Бенедикт.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





