(ФОТО) Сите сме оставиле солзи во Универзалната сала: Носталгично сеќавање на хитовите од Скопскиот фестивал
Објавено во: Стил 06 Октомври, 2019 08:46
Во најбрзо време да се реновира и да се врати Универзалната сала и да се врати Скопскиот фестивал, беше главната порака на носталгичниот настан „50 години од Скопски “, кој се одржа во рамките на „Бела ноќ“. Хитовите од Скопскиот фестивал се пееја токму пред салата која е најголем чувар на спомените на многу генерации, од 1966 година кога почна да работи, до 2015 година кога се затвори.
Приказната за вредностите и на поврзаноста на „Скопски“ и на „Универзална“ низ интересно сценарио ни ја донесоа водителите Елена Митева и Марко Марк. „Сите сме оставиле солзи во Универзалната сала“, рече Сашо Гигов- Гиш по моќната изведба на „Самовилска свадба“ и „Сѐ што сакав“ од Симеон Гугуловски. Ѓоко Танески не потсети на евровизиската „Јас ја имам силата“ и „Само ти“ од Зоран Милосављевиќ, која одлично му легна. Уште една евровизиска, убавата „Убава моја“ ја испејаа „Ај кју“, но и преработката на „Не заборавај“ од Калиопи.
Назад во златното фестивалско време не врати „Галебе мој“ и легендарната Верица Ристевска. Топлиот пречек на публиката и емотивната реакција на песната која нема кој не ја сака, ја расплакаа Верица. Многу Скопски фестивали не поминале без Драган Мијалковски, па не можеше ни ова сеќавање. Ретка можност и привилегија е да се слуша Мијалковски со „Оди си“ и „Гитаро моја“ во живо.
Повеќе од настанот на Женски Магазин.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





