ФОТО: Скопје има жичарница, ама ова се најубавите седум на светот!
Објавено во: Стил 30 Април, 2013 21:20

Оваа планина е симбол на Рио Де Женеиро. Градот бил изграден во подножјето на планината во 1565 година. Жичарницата пак е изградена во 1912 година. Ја нарекуваат- воздушниот трамвај. Во кабините може да се превезуваат до 65 патници одеднаш. Нуди 360 степени поглед на Копакабана, Ипанема, Гуанабара заливот и Корковадо Маунтинс. Природно, може да се види и статуата на Исус Христос, со кој е прочуен градот. Билетите чинат 27 долари за возрасен и 13 долари за дете (6-12 год.), а вози на секои 20 минути, од 8 наутро до 9 навечер.
Табела планината, Кејп Таун, Јужна Африка

Одовде ќе го видите целиот Кејп Таун. Лифтот тргнува на секои 10-15 минути. Се искачуваат до 1084 метри, до планината Табела каде стигнува за помалку од 5 минути. Направен е во 1929 година и од тогаш наваму го користат над 20 милиони луѓе. На врвот има ресторан , а се продаваат и сувенири.
Јелоу Маунтанн, Хуангшан, Кина


Планината е многу живописна - тука може да се видат потоци, водопади, уникатни карпи. Овде има три системи од лифтови, кои превезуваат патници од 1986 година наваму. Патување во еден правец трае околу 8-12 минути и чини 13 долари (7 долари за деца).
Скајлајн Гондола, Нов Зеланд

Работи од 1967 година и се издига на 500 метри над Куинстаун. Билетот чини 26 долари (15 долари за деца), има и опција и од 74 долари за четиричлено семејство.
Гринделвалд-Манлишен Гондола, Швајцарија

Се наоѓа во срцето на Швајцарските Алпи, тргнува од подножјето па се до врвот, висок 2397 метри. Ова е најдолгата жичарница на светот - 6 километри. Отворена е од 1978 година.
Билетите чинат 61 долари, 31 долари за деца, во две насоки.
Рузвелт Ајланд, Њујорк

Изградена е во 1976 година, за да им помага на жителите на Квинс да стигнат побрзо на работа во Менхетен. Одеднаш можат да се качат 125 лица. Патувањето треа околу 5 минути. Патниците гледаат во познатиот мост, реката и дел од Менхетн. Лифтот ги остава луѓето на 2-ра авенија, од каде што тие можат да си фатат метро. И ова е најдобриот дел: за овој лифт важи картата од метрото, односно ќе се радувате на ова патување само за 2,75 долари!
Палм Спрингс, Калифорнија

Работи од 1963 година. Патувањето е долго 4 километри, а минува низ прекрасна планинската месност на Санта Роса и Сан Хасинто. Билетите чинат 23.95 долари и 16.95 долари за деца. Кабина тргнуваат на половина час, почнувајќи од 10 часот наутро.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





