05 Декември, 2025
0.0295

ФОТО: Сонце, плажа и најубавите острови на светот

Објавено во: Стил 19 Декември, 2012 13:36

Добивај вести на Viber

Честопати, токму во зима, луѓето од северната хемисфера виообичаено сонуваат за јужните краишта, тропските плажа и синото море. Затоа, ви ги претставуваме 8-те најубави острови на светот кои победија на анкетата на светски познатото списание  „Conde Nast traveler“. Еве ги оценките на читателите. 8. „Bozcaada“ и турските острови во Егејското Море  Оценка: 80,8 Островот Боскада се наоѓа во Егејското Море, во непосредна близина на брегот на Турција. Има беспрекорен плажи, тивки рибарски села, грчки и римски градби и секако големи хотели и ресторани. 7.  Бали Оценка: 81,8 Бали е неверојатно разновиден и динамичен остров која има прекрасен пејзаж-од зелени оризови полиња, пријателски плажи, богата култура и историја и феноменална храна. 6. Ванкувер Ајленд Оценка: 82,0 Ванкувер е познат по тоа што е неверојатно безбедно, чисто и пријатено место за одмор. На канадскиот остров, на кој се наоѓа и градот Викторија, има големи продавници и ресторани, како и прекрасни природни пејзажи. 5.  Невис Оценка: 85,2 Овој  мал карипски остров има песочни плажи, кристално чисти води и вулкан во неговиот центар, што значи дека има и повеќе топли, вулкански извори. 4. Малдиви Оценка: 85,5 Малдивите се сместени во Индискиот Океан, a со своите одморалишта за високата класа и приватни вили, ова е совршено место за одмор. 3. Бора Бора, Француска Полинезија Оценка: 86,7 Бора Бора е остров за егзотично бегство,  познат по своите луксузни летувалишта и бунгалови изградени директно над водата. 2. Бермуди Оценка: 87,2 Се наоѓа на околу 640 милји источно од Северна Каролина, на него се чуствува британската култура со своите барови, историски места и необични продавници. Островот е познат по своите розови песочни плажи, тиркизна води и голф-игралишта. 1. Мауи, Хаваи Оценка: 92,1 Мауи годинава го зазема првото место. Островот се смета за тропски рај со сите модерни удобности, прекрасни плажи, планински терен совршен за пешачење и води кои изобилуваат со морски животни.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: