06 Декември, 2025
0.0437

(ФОТО) Совет плус: Како најдобро да ја уредите детската соба!

Објавено во: Стил 31 Октомври, 2014 17:09

Добивај вести на Viber

Знаеме дека повеќето деца прават неред и тоа е својствено за самите деца. Понекогаш е напорно постојано да се средуваат нивните соби, тоа трае постојано и ви се чини дека нема крај. Потребна е организација за уредување на нивната (детска) соба, а притоа треба и тие да бидат вклучени. Доколку успеете на децата да им ја објасните значајноста на хигиената и уредноста, ќе успеете да си ја намалите работата околу средувањето на собата. Може да им посочите дека луѓето кои се педантни и ја одржуваат собата уредна, се поуспешни во другите области од својот живот.

Без разлика на тоа колку сте организирани, вашето трпение ќе биде ставено под тест кога се во прашање децата во вашиот дом. Тие можеби нема да прават неред во другите соби, но кога станува збор за нивната детска соба сликата може да биде поразлична. Таа може да биде чиста и средена за некое време, но подоцна во  истиот ден да видите дека повторно настанал неред. Понекогаш дури се откажувате и го оставате „случајот“ каков што е, но што може да се направи за да се подобри ситуацијата?

Избор на намештај. Вградливи плакари и полици се добра идеја. Плакарот треба да има многу полици и места за чување облека и други работи. Ставајте ги одделно работите како на пример облека, играчки, книги итн. Понатаму облеката можете да ја поделите според типот, па посебно ставајте ги летните и зимните парчиња облека, чорапите, долна облека, пешкири итн. Исто така кога избирате кревет за во детска соба, поради количините  на работите во детските соби, како дополнително место за чување можат да се најдат фиоките кои се вградени во некои кревети. Во овие фиоки на пример можете да ги чувате креветските чаршави, навлаки за перници, ќебиња итн.

Вклучете ги вашите деца во уредувањето. За да биде ефектот поголем задолжително вклучете ги вашите деца. Доколку тие имаат некаква идеја за уредување на собата слушнете ги што имаат да кажат. Сепак тоа е нивна соба и тие треба да се чувствуваат пријатно и удобно во неа. Повеќе ќе ја сакаат собата доколку тие учествуваат во уредувањето, а со тоа ќе забележите дека ќе посветуваат повеќе внимание при уредувањето. Доколку тие изберат каде да си ги ставаат работите поголема е веројатноста дека ќе се придржуваат кон тој ред.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: