06 Декември, 2025
0.2436

(ФОТО) Сте слушнале ли за рајската река во Колумбија?

Објавено во: Стил 03 Ноември, 2014 15:58

Добивај вести на Viber

Во Колумбија и тоа е можно! И тоа ако ја посетите необичната река преполна со живи бои, за која велат дека е една од најубавите реки на светот. Пет бои кои ја одбележуваат оваа река ја прават светски позната, и бројни луѓе ја опишуваат како реката која побегнала од рајот.

Реката на пет бои

Реката Кано Кристалес е преполна со бои поради алгите кои растат во неа. Бојата на реката зависи од годишното време и количината на водата. Во дожделивата сезона реката е брза и длабока, и билките во неа добиваат доволно количина на светлина. Во времето на суша нема доволно вода за нивен живот.

Поради тоа во поголемиот дел од Кано Кристалес не се разликува од другите реки. Бистрата вода тогаш тече во бројните брзаци и паѓа во поголемите и помалите водопади над камењата покриени со така обичните и досаден зелен мов.

Но во преодниот период помеѓу дожделивите и сушните сезони нивото во реката станува доволно бројни врсти на алги да процветаат во спектакуларните бои. Во реката тогаш можете да најдеѕе вистинска експлозија на илјадници нијанси жолти, црвени, зелени плави и црни бои. Овој спектакл трае неколку недели, од септември до ноември.

Најубавата река на светот е долга нешто помалку од 100 километри и широка 20-тина метри. Се наоѓа на планината Макарена (Национален парк Serrania de la Macarena). Најблискиот град е Ла Макарена до кој можете да дојдете со авион во организација на бројни колумбиски туристички агенции. Од градот организирано во туристичка група се тргнува до реката.

Ова е дестинација на топ листата на сите заљубени во волшебната природа. Најживописниот дел од реката петте бои се наоѓаат во дивината на џунглата и до него не води пат. Авантуристите ќе најдат свој пат или јавајќи на коњ или магаре, што целата оваа авантура ја прави додатно возбудлива.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: