05 Декември, 2025
0.0390

ФОТО: Сте виделе ли волку пари на едно место

Објавено во: Стил 18 Јануари, 2013 14:03

Добивај вести на Viber

Можеби фотографиите потсетуваат на криминална банда која го брои својот профит, но ова се банкарски службеници од кинеската провинција Хенан. Веќе неколку дена вработените во најголемата банка во овој реон работат на пребројување на паричните средства кој еден засега непознат кинески бизнисмен по долго штедење решил да ги стави на сметка. Сумата не е многу голема, но бројот на банкноти е голем со оглед на тоа дека штедел се што заработувал. Кинеските медиуми го нарекле г-дин Кју.  По три дена броење службениците успеале да пребројат  11.500 јуани, а имаат за броење уште 148.500 ако му се верува на зборот на сопственикот на парите кој рекол дека успеал да заштеде 162.000 јуани што е околу 16.000 фунти. Г-дин Кју според кинеските медиуми, бил сопственик на фабрика, но засега е непознато зошто толку долго време чекал за да ги стави парите на сметка. Поради големиот број на банкноти и тој имал проблем во пронаоѓањето банка која ќе прифати да ги превземе. Банката Zhengzhou била единствената која го прифатила предизвикот.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: