05 Декември, 2025
0.0462

ФОТО: Страв и адреналин, топ 5 дестинации за секој авантурист!

Објавено во: Стил 03 Март, 2013 20:47

Добивај вести на Viber

Дали сакате да го покачите адреналинот за време на одмор? Цената секако не е причина поради која многумина ќе се откажат од ова „уживање“. Следува топ 5 листата на најстрашните туристички атракции, кои сепак ќе ги пробаат само најголемите авантуристи. Банџи скок во Нов Зеланд Невис е едно од најпознатите (и најстрашни) места за банџи скок. Доволно е само да се погледне сликата... На 350 метри над карпестиот предил, малкумина одлучуваат да скокнат закачени само на тенко јаже! Прошетка по висечки мост во Канада Овде можете да се прошетате по висечки мост што ги поврзува двата брега на реката Капилано. На повеќе од 200 метри височина, ќе треба да изодите 350 метри, пред повторно да го почувствувате цврстото  тло под нозете. Долго искачување во Австралија Долго и мачно е патувањето до една од атракциите во Австралија, во државата Квинсленд. Идејата е да се искачи на илјадници скалила за да се најдете на надморска височина 230 метри. Прошетка по воздухот во САД Оваа панорамско место се наоѓа во САД, во срцето на мртвата долина. „Skywalk“ ќе ви овозможи да се прошетате над Гранд Кањон со чувството дека буквално одите по воздухот благодарение на транспарентниот под. Најбрзиот спуст во Непал  Во Покхара, Непал се наоѓа највисоката, најбрзата и најдолгата патека за ваков спуст во светот. Брзината на спуштање е 90 км. на час, па едноставно нема да ви остане време за страв.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: