19 Април, 2024
0.0296

(ФОТО) Супериорни и автентични: Часовниците на Перо Антиќ, Горан Пандев и Љупчо Николовски

Објавено во: Стил 07 Август, 2019

Добивај вести на Viber

Тие имаат вкус за елеганција и класика. Знаат дека часовниците се полн погодок за дефинирање на софистициран машки стил

Ништо не може да уништи нечија беспрекорна репутација на стилот во светот на бизнисот, политиката, спортот како копија на часовник. Доколку се облекувате како господин или како некој чија физичка појава е постојано под будното око на луѓето, погрижете се вашиот часовник да биде вистински украс на вашиот рачен зглоб, одраз на вашиот стил и дел од вашиот престиж. 

Часовниците се одлика на класа и најчесто дефинираат статус. Тие не само што воодушевуваат со елеганција и беспрекорна изработка, туку се изработени од скапоцен материјал со уште по скапоцен механизам, кој е многу често дел од историја и традиција на еден бренд. Секако дека се скапи, но кој може да си ги дозволи ќе има на себе нешто кое може да го пренесе и на идните поколенија.

Еве на пример, часовникот  Greubel Forsey Tourbillon Perpetual Calendar QP a Equation изнесува 719.000 долари. Поврзан е со сателит за прецизно сметање на времето, има едноставена форма и е неприкосновен. 

Со слична цена се и „Алпина Харитаџ”, „Картие”, „Пијаџет Алтиплано”, „Шопард”, „Ролекс”… 

Сепак, има часовници кои и не се така „солени” со цената, имаат супер квалитет и можеме да си ги дозволиме. Кој како! Нудат беспрекорност и не се само мерило на времето, туку одличен моден сојузник. 

Кај нас имаме неколку познати личности кои обожуваат часовници. Не се раководат од цената нити од брендот,  немаат на рака милионски часовник, ама ги воодушевува  конструкцијата, механизмот и се разбира, дизајнот. Имаат по неколку. Ги носат во секакви пригоди и со нив навистина изгледаат стилски убаво. 

А за стилот и избор на часовници кои ги носат Перо Антиќ, Горан Пандев и Љупчо Николовски читајтена МАШКИ МАГАЗИН тука.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре

ГАБОР МАТЕ ОТКРИ ШТО ПРОПУШТАТЕ ВО ЖИВОТОТ: Tоа никој нема да ви го врати утре