ФОТО: Таинствениот грчки остров Амулиани, најблиску до нас!
Објавено во: Стил 04 Јануари, 2013 15:54

Станува збор за Амулиани. Островот е во близина на третиот крак на Халкидики - Атос. До него се стигнува по само 10 минутно возење со ферибот од пристаништето Трипити. Островот нуди една од најубавите глетки во Грција - од сите делови се гледа Света Гора.

На уживањето во залезот на сонцето нема да пречат високи згради, бидејќи на Амулиани е дозволено да се гради најмногу до два спрата, правило кое важи и за хотелите. Покрај тоа, тие треба да бидат распоредени на најмалку четири декари, што автоматски ја исклучува можноста за пренатрупување на просторот со новоизградени објекти.

На грчки Амулиани значи ситен песок. Името го има добиено од долгите песочни плажи на островот. За 600-те жители кои живеат овде основен транспорт е мотоциклот, бидејки најлесно со него се вози по тесните улички кои не секогаш се асфалтирани.

Жителите овде освен од туризам, заработуваат и од риболовот, но и рестораните што служат храна штотуку извадена од морето.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





