05 Декември, 2025
0.0534

ФОТО: Топ 5 најпознатите острови на светот

Објавено во: Стил 06 Април, 2013 09:59

Добивај вести на Viber

Цела зима мечтаеме за долги плажи и азурно море, а со појавата на првите сончеви зраци дојде време да почнеме да со план за летото. Оваа листа е за љубителите на островите, односо за тоа кои се ТОП 5 најпопуларни острови во светот. Петто место: Санторини  Со малиот архипелаг во јужниот дел , Грција е единствената европска земја на листата, која има висока позиција. Со сегашната форма Санторини успеа да стане омилена дестинација на романтични парови, благодарение на прекрасниот бело-сина пејзаж. Четврто: островите Сан Хуан Островите Сан Хуан се архипелаг во северозападниот дел на државата Вашингтон и се состојат од 172 поголеми острови и уште стотици помали островчиња. Меѓу април и септември има најголем наплив на туристи, вооружени со дигитални камери, со кои се обидуваат да снимат китови. Трето: Бора Бора Француската Полинезија е една од најскапите туристички дестинации во светот. На островот може да се најде неколку луксузни хотели, а цените за ноќевање се трицифрени. Но љубителите на природата и нуркачите ќе видат дека тие се оправдани. Главната атракција на Бора Бора е лагуната - гребен со многу корални риби. Второ: Сент Џон „Замислете си рај на земјата. Најверојатно вие си мислите за Сент Џон ... ". Ова е слоганот на овој остров кој некогаш и припаѓал на Данска. 60 проценти од островот се состои од националниот парк, кој е создаден од Лоренс Рокфелер. Прво: Амбергрис Кае Најпопуларниот остров во светот се наоѓа на бреговите на Средна Америка, има 64 километри квадратни и всамо еден град по име Сан Педро. Таму жителите живеат претежно од туризам. Островот ја должи својата популарност најмногу на коралениот гребен Белизе. Овој гребен е втор по големина во светот и е стар колку и самиот остров. Гостите овде уживаат во прекрасниот залез на сонцето и убавите плажи.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: