18 Мај, 2024
0.0514

(ФОТО) Три интересни подводни музеи

Објавено во: Стил 12 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Shipwreck  Trail Во шупливите гребени на националниот морски парк Флорида Кис има потопена флота од бродови кои би можеле да се спротивстават на морнарицата на било која мала земја. Растурени на површина од неколку милји, овие потонати бродови нудат авантура за нуркачите, а деветте глетки кои овој парк ги нуди опфаќаат три периоди на бродоградба: Европски колонијални, американски и модерни бродови. Посетителите- нуркачи имаат можност да добијат мапа од бродовите, да дознаат нешт повеќе за нивната историја, а и за морскиот свет кој живее во овој морски парк. The Underwater Museum of Art

Овој подводен музеј се наоѓа во Мексико, каде што љубителите на нуркањето ќе имаат можност да уживаат и во уметнички дела и тоа под вода. Музејот се наоѓа на западниот брег кај Isla Mujeres, Punta Cancun, и Punta Nizucin, а содржи четири инсталации на уметникот Џејсон деКаирес Тејлор. 10метри под морската површина посетителите на овој музеј можат да видат 400 скулптури изработени според вистински ликови. Музејот гледан над морската површина има форма на човечко око.

Herod’s Harbor

20 стапки под морската површина, кај градот Цесареа во Израел сместен е музејот посветен на софистицираните пристаништа од времето на Римското Царство. Музејот кој се наоѓа на површина од 18.580 квадратни метри овозможува презентација на 36 изложби, потонати бродови, мермерни столбови и огромни сидра стари и по 2000 години кои ја обележуваат феникијската, крстоносната, римската, еврејската, византиската и британската историја. Градот Цесареа инаку го добил своето име според Цесар Август кој донирал пари во овој град и ја помогнал неговата доизградба.