(ФОТО) Тринаесет места во Хрватска кои вреди да се посетат
Објавено во: Стил 31 Мај, 2014 18:47
Секоја земја која ја прогласи Blue Ivy (ќерката на Бијонсе) за почесен граѓанин автоматски е поубава од сите други. Меѓутоа, Хрватска сигурно победува благодарение на убавите глетки, заводливите пристаништа, национални паркови, кои го одземаат здивот и островите за забава, напиша новинарка на Huffington Posta во кој набројува 13 места во Хрватска кој не смеат да се пропуштат.
Вис - За туристите кои не сакаат гужви, а сакаат да уживаат во добро вино и морски специјалитети. Да не ги споменуваме вљубениците во убавата природа.
Крк - Еден од најубавите острови во Хрватска исто така е популарна туристичка дестинација во текот на летните месеци. Постои добра причина за тоа: разнобоен пејзаж, бистро море и градови преполни со настани.
Хвар - Најсончевиот остров на Јадранот и еден од најлуксузните (јахти, хотели со пет звезди...). Исто така е преубав. Ќе се стопите помеѓу бројните туристи. Постои добра причина зошто се таму.
Дубровник - град богат со историја, одлична храна и зачудувачки погледи. Мора да го видите!
Трстено - Северно од Дубровник се прекрасните ботанички градини. Искористете еден ден за да ги посетите.
Национален парк Плитвице - Шеснаесет езера со неверојатни паркови во внатрешноста на земјата. Внимание: пливање во преубавите езера е недозволиво.
Истра - Не е тешко да се сфати зошто е наречена нова Тоскана. Мало село во ридовите, како Мотовун, крајбрежен град и храна слична како италијанската.
Ровињ - Рибарски град на брегот на Истра кој не треба да се заобиколи.
Плажата Златни рат - Посетете го стариот град на Бол, но дојдете поради плажата. Станува збор за една од најпознатите плажи на островот.
Задар - Порано туристите го заобиколуваа овој град и тоа е штета. Станува збор за одлична потетна точка на јадранските острови. Прекрасна архитектура, интересни споменици и стар град.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:


















