(ФОТО) Турунџиева: Се појави некој што го сакам повеќе од животот
Објавено во: Општо 18 Април, 2019 19:20
Водителката и писателка Сузана Турунџиева објави фотографија со внукот Јаков, од нејзината постара ќерка Лора и зетот Филип, кој се роди минатиот месец. Со емотивна објава, Турунџиева раскажа колку го сака внукот.
„Само што (конечно) научив да се сакам себеси. Се појави некој, кого го сакам повеќе од мојот живот.. Што да ви расправам.. Љубов е тоа, невидена! Фала ти животе, што ме љубиш повеќе, од што јас самата себеси умеам да се љубам“, напиша таа.

„Лора е голем херој, борец. Таа е похрабра и од мене. Дваесет часа издржа големи болки, сите ние 20 часа бевме на нозе и до самиот крај беше упорна да се породи природно. На крајот, сепак мораше да ја оперираат, и се породи со царски рез“, ни изјави среќната баба на 7 март, кога ѝ се роди внукот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





