(ФОТО) Ултра женствени и луксузни „Bulgari LVCEA“ часовници
Објавено во: Стил 29 Октомври, 2014 20:10
Уште од древните времиња, светлоста имала богата симболика за човештвото...
Од земјоделство до книжевност, сонцето и неговата светлина го одржувале и инспирирале човештвото, и поради тоа се тесно поврзани со животот, вистината и убавината. Во изданијата на Bulgari брендот, кој потекнува од Италија и често го слави класичното римско и грчко наследство , оваа симболика не го изгубила ниту променила своето значење. Баш од оваа симболика е роден воодушевувачкиот LVCEA часовник за дами.
Наречен по италијанскиот збор за светлина, односно „luce“, LVCEA е преубав часовник во кој експертите на Bulgari брендот ја претставија својата уметност. Неверојатниот драгоцен камен е претставен во круната на секое парче, со дијамант во средината која му дава додатна искра. Нараквицата на овој часовник потсетува на делото на овој бренд кое е е веќе познато - Серпенти нараквица - која со својата појава ги збудалела љубителите на Bulgari брендот.
LVCEA луксузниот часовник за дами е достапен во 12 различни стилови, кои одат од елегантен челик до примамливи парчиња со пинк злато и создаваат дијамантска декорација. Со оваа колекција, ќе имате вистински акцесоар за секој стил и секоја прилика.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:










