(ФОТО) Вака изгледа една совршена вила во Шведска!
Објавено во: Стил 29 Октомври, 2014 19:52
Шведска и нејзините скандинавски соседи се познати по своите сауни и базени ...
Од надворешната страна, имотот кој сега ќе ви го претставиме можеби не дејствува специјално, но ова е еден од оние случаи кога изгледот на прв поглед лаже. Оваа приватна луксузна резиденција која неодамна е ставена на продажба во преубавото Малме има апсолутно совршен базен. Резиденцијата името го добила со базенот на ум, па се вика Pool Paradise, а има околу 200 м2 животен простор. Нејзината цена е 1,4 милиони долари, што е разумно, со оглед на сите луксузни погодности кои ги содржи и имотот што ја опкружува.
Вкусно декорираниот ентериер на оваа вила е исполнет со природна светлина, а тука се и прозорците од под до плафон, како и вратата и подовите од квалитетно дрво. Во екстериерот ве очекува прсостор за скара во комбинација со трепезарискиот дл на отворено, додека кујната внатре во вилата е многу пространа со мермерни работни површини.
Вегетацијата која го опкружува овој имот, посебно онаа во близина на базенот, создава вистински параван кој ќе ви пружи приватност и заклон од љубопитни погледи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
















