(ФОТО) Вака изгледа имотот на Мел Гибсон со приватна џунгла
Објавено во: Стил 22 Октомври, 2014 17:27
Овој имот кој има своја приватна џунгла, прв пат на пазарот достигна цена од 32 милиони долари во 2010 година, во 2012 година цената падна на 29,8 милиони, а сега за неа се бараат 29,7 милиони долари. Со локација во близина на Nicoya полуостровот, овој имот се состои од три вили во шпански колонијален стил.
Главната двокатна вила, „Casa Guanacaste“, која има поглед на плажа е изградена во стил на хациенда, а има седум спални соби и осум тоалети, голем двор и базен. Двете вили за гости имаат по две спални соби, веранда, заоблени плафони, во целост опремени кујна и приватен базен.
Доколку сакаат да вечераат во луксузен ресторан, овие сопственици на вилата не мора дури ни да го напуштаат овој имот, туку да отидат во делот од неговиот ресторан без ѕидови. Сепак, доколку сакаат да прошетаат надвор од границите на својот имот, сопствениците на располагање имаат голем број на ресторани и продавници во местата кои се близу како Самаре и Носаре.
Гибсон го купил овој имот во 2007 година како би побегнал од папараците кои го следеле по цел ден, додека поминувал низ тешки лични моменти. Овој имот е навистина посебен, вистински рај за љубителите на самотијата и оние кои сакаат да се опуштат и да уживаат во животот без љубопитни погледи.
[gallery]* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:









