(ФОТО) Вака изгледа новата куќа на Бијонсе и Џеј Зи!
Објавено во: Стил 21 Септември, 2014 17:40
Бијонсе и Џеј Зи наводно веќе долго време гледаат една луксузна куќа во брдата на Лос Анџелес, која чини неверојатни 85 милиони долари. Парот изгледа е многу заинтересиран, бидејќи неколкупати биле да ја разгледуваат, а самата куќа претставува сон на секој познат пар - надворешно дејствува сосема нормално, а всушност е олицетворение на луксуз.
Еднокатницата од 2.140 квадрати има се што можете да замислите. Покрај „стандардната опрема“ - 8 спални соби, 15 тоалета и заоблен „инфинити“ базен - тука е огромниот вински подрум, приватно кино со 24 места и неверојатна гаража.

Погледот цели кон цел Лос Анџелес, а самата куќа се наоѓа на мирно место, во брдо, што е идеално за познати личности. Иако од агенцијата за недвижности не потврдуваат дека најмоќниот пар во музичката индустрија ја сака оваа куќа, повеќе извори тврдат дека тоа е вистина.
Инаку оваа куќа ја изградил милијардерот Брус Маковски, на земјиштето кое го купил пред две години за 12 милини, и ја опремил со најнова техника и детали за кои обичните луѓе можат само да сонуваат.
Помеѓу останатото, тука е вотка барот со 12 места за седење, луксузна маса за гости со 24 места и прибор и есцајг со потпис „Роберто Кавали“, а секој комплет вреди 4000 долари.
Винскиот подрум не е само огромен, туку доаѓа во целост опремен со скапоцените „ Дон Перињон“ вина, а тука се и фирижидерот и еспресо машината - апарати кои се во целост вградени во ѕидовите.

Секако, два огромни плакари - за неа и за него - опремени со луксузен мебел како бирањето на облека би било посебно доживување.
Посебен „детал“ е гаражата со 16 автомобили, која е опремена со посебен лифт за кола. Така по желба можете колата да ја подигнете во галеријата и да и се восхитувате додека пиете кафе.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:









