(ФОТО) Викендичка за фамилијарен одмор
Објавено во: Стил 03 Јуни, 2014 15:41
Многу луѓе ја практикуваат традицијата празничните денови и викенди да ги поминат во природа со своето семејство а ние ви претставуваме куќа која е идеална за тоа.
Доколку уживате во тивка атмосфера, погледнете ја оваа мала колиба измислена за одмор!
Оваа колиба се наоѓа во Стокхолм, Шведска и дизајнирана е од страна на компанијата „Fantastic Frank“.
Првата работа која ќе ја забележите во врска со оваа куќа е иверицата која ја има во изобилие, што ви дава илузија дека уште е во фаза на завршување. Меѓутоа колибата е така осмислена, и главна тема е иверицата, која отстапува поврзување со други елементи во останатите делови од куќата, како што се скалите кои водат до горните соби.
Кујната е измислена како убав контарст со својот длабок сив мебел. Посебно е интересна шемата на боите кои се изберени за ентериерот, бидејќи ги имитираат природните бои кои се непосредно распоредени зад вратата. Зелената е застапена во повеќето соби, додека дрвените плафони се нацртани на тој начин да го претставуваат светлото плаво небо кое продолжува и надвор од границите на оваа колиба за одмор.
Оваа викендичка е карактеристична по отворениот простор со високи плафони кои нудат голема флексибилност. Совршена за текот на летото, неодоливо ќе изгледа и во текот на зимските денови со голема елка во средина опкружена со подароци.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:











