ФОТО: Во каков стан живеел Барак Обама
Објавено во: Стил
30 Август, 2013 22:00
Добивај вести на Viber
Станот во Њујорк, во кој под кирија седел претседателот Барак Обама додека студирал на Универзитетот Колумбија, повторно е на пазарот на недвижности, јавија американските медиуми. Станот се нуди по цена од 2 400 долари месечно, а во него Обама живеел со цимер.
[gallery link="file" order="DESC" orderby="title"]
Тогаш двајцата студенти заедно плаќале по 360 долари месечнно за станот со високи тавани, една спална соба и кабинет до прозорот како и мала кујна . Брокерите и покрај цената, не се сомневаат дека за објектот брзо ќе најдат станари.
Треба да се напомене и дека претседателот сега живее во многу подобри услови. Претходно оваа година , недвижниот имот на Белата куќа беа оценети на скоро 295 милиони долари . Резиденцијата на американскиот претседател е палата од 1800-та и е направена од архитектот Џејмс Хобан . Белата куќа има шест ката, 2 подруми , 2 спрата за јавни приеми и 2 за семејството на претседателот (се проценува дека под Белата куќа има подземен бункер , но нема официјални податоци за тоа ) . Вкупната површина на Белата куќа е околу 5 илјади квадратни метри , има 132 соби , 35 бањи , 16 спални и три кујни и огромен двор со градини и игралишта .
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: