27 Април, 2024
0.0354

ФОТО: Во најголемата пештера на светот

Објавено во: Стил 15 Јуни, 2013

Добивај вести на Viber

Пештерата „Son Doong“ се наоѓа во Виетнам, во близина на границата со Лаос. Таа е најголемата во светот - пет пати поголема од „Deer Cave“ на островот Борнео. Отворена е во 1991 година а областа околу неа останала празна бидејќи локалното население се плаши од најчудните звуци, од џунглата околу пештерата. Подоцна се покажало дека тие се предизвикани од реката, која тече во внатрешноста на една од најубавите пештери во светот. Истражувањата за „Son Doong“ започнаа во 2009 година и се уште продолжуваат. Научниците можат да влезат во пештерата само во ткот на неколку месеци од годината - во останатото време таа е поплавена и недостапна. Најголемата просторија е долга повеќе од пет километри, над 200 метри висока и барем 150 метри широка. Во пештерата има сталалагмити, високи повеќе од 70 метри, покажуваат направените досега студии. Иако „Son Doong“ е три пати поголема од лондонскиот стадион Вембли, научниците веруваат дека е можно лидерското место како најголема пештера во светот наскоро да и биде одземено од друга слична на неа сместена во амазонската дождовна шума.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти