ФОТО: За 15 илјади долари, цела недела под вода во овој луксузен хотел!
Објавено во: Стил
26 Ноември, 2012 19:54
Добивај вести на Viber
Комплексот „Poseidon Undersea Resort“ се наоѓа 12 метри под вода, во близина на брегот на Фиџи. Кога ги отвори вратите за посетителите ќе има 25 апартмани, ресторан, бар, фитнес, па дури и капела за свадбените церемонии под вода. Проектот е на „U.S. Submarines, Inc“, од каде што соопштуваат дека цената за престој ќе биде 15 000 долари неделно.
До подводниот комплекс ќе се стигнува со лифт од површината. Над водата ќе има уште 51 соба, спа центар, тениски игралиште и голф терен. Хотелот ќе има и 4 подморници со кои гостите ќе можат да се шетаат и да го разгледаат подводниот свет, рибите и коралните гребени.
Секој подводен апартман всушност претставува посебна капсула, а од компанијата уверуваат дека тие се целосно безбедни. Капсулите се одделни една од друга, што значи дека ако се појави проблем во некоја од нив, тогаш тоа нема да влијае на останатите. Собите исто така можат и да се подигнат на површинатата ако е потребна поправка и потоа пак да се потопат во морето.
Целиот проектот треба да биде завршен за уште 2 години. Еве како ќе изгледа ова подводно задоволство.





* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: