03 Мај, 2024
1.0227

ФОТО: За бегство од зимата…еве ги најдобрите сончеви дестинации!

Објавено во: Стил 04 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Прекрасните плажи се особено примамливи во зимските месеци. Затоа оние коишто можат ова да си го дозволат, наместо да ги поминат празниците во депресивно и студено време, од северните делови на планетата заминуваат во топлите и сончеви предели. Еве, според анкетата на „Wirtschafts Woche“ еве кои се најдобрите туристички дестинации за бегство од зимата: Јужна Африка Земјата домаќин на светското првенство во фудбал си ја исполни задачата да изгледа одлично. 83% од посетителите на првенството би посетиле Јужна Африка повторно, според истражување на „ FIFA“. Минатата година државата заработила 9.6 милијарди евра од туристите. Јужна Африка им нуди на своите посетителите убава природа и но и градска забава во Кејп Таун и Јоханесбург. Мексико Храмот на Ацтеките и рајските плажи, како Канкун, привлекоа повеќе од 23.4 милиони туристи минатата година. Според Светската организација за туризам, Мексико е една од десетте најпопуларни дестинации во светот. Сејшелските острови Сејшелите  во Индискиот Океан живеат главно од туристи. 30% од населението кое е работоспособно, овде се занимава со туризам, па на тој начин се формира речиси 70% од националниот доход. Во последниве години најмногу се инвестира во луксузните хотели со пет звезди. Австралија Недопрената природа како Големиот корален гребен или „Ayers Rock“, но и огромните градови со повеќе милиони жители како Сиднеј и Мелбурн,  секоја година привлекуваат многу туристи  кон Австралија. Карибите Бахами и Кариби! - дури само споменувањето на имињата буди асоцијации за патување и рајски одмор. На плажите во Куба и Јамајка многу туристи заминуваат за да уживаат во сонцето и топлото лето, како чиста спротивност на европската зима. Малезија Според Светската организација за туризам, само оваа година во Малезија имало 24.9 милиони посетители. На овој начин таа станува деветтата најпопуларна дестинација во светот, и тоа замислете си веднаш по Германија (со 28.4 милиони). Освен храмови и плажи, како интересна  атракција во Малезија се и кулите Петронас во главниот град Куала Лумпур. Со висина од 452 метри го заземаат второ место на листата за највисока зграда во светот. Маврициус Туризмот е клучен фактор за развојот на Маврициус. Околу 965 илјади туристи го посетиле островот во Индискиот Океан во 2011 година. Во 2010-нивниот број бил 935 илјади. Она што го прави Маврициус вистински популарна егзотична дестинација се секако - неверојатните плажи. Реунион Речиси половина од островот, кој се наоѓа во Индискиот Океан, е класифициран како светско културно наследство од УНЕСКО. Тоа се должи на огромниот вулкански пејсаж на островот. Сеуште останала традицијата најголем дел од посетителите овде да доаѓаат од Франција. Сепак островот  се наоѓа во сенката на Маврициус и сеуште не го добил заслуженото внимание. Бразил Со Копакабана и останатите плажи,  Бразил е совршено место за бегство од зимскиот студ. Сан Пауло е многу популарна дестинација и секоја година привлекува голем број европски туристи. Тајланд Туристичките атракции на Тајланд се многу, од главниот град Бангкок, потоа градот Патаја, како и плажите „Cha-Am“ и „Hua Hin“, се само дел од она што може да го видите овде. Според едно европско истражување во 2008 година, еден процент од Европејците на одмор заминале токму во  Тајланд.