ФОТО: Заборавете на кочиите во Њујорк – доаѓаат електромобили
Објавено во: Стил 29 Април, 2014 08:33
Возилото покренува спомени за раната ера на автомобилската индустрија, но истовремено располага со најсовремени технологии. Тој може да пренесува 8 лица и да измине 160 километри со едно полнење, благодарение на батерија со капацитет од 46 kW / h, која го напојува електромоторот со моќност 84 КС.
Габаритот на eCarriage е доста сериозен - меѓуоскиното растојание му достигнува 4 метри, а широчината - 2,2 метри. Толку е и висината до крајот на ветробранско стакло. Со возачот и 8 патници тежи цели 3,4 тони.
"Целта е машината да го задржи шармот на кочиите и затоа требаше да пријдам храбро, дури и дрско кон проектот - коментира Џејсон Уениг. - Штом треба кочиите, влечени од коњи, да одат во минатото, токму ова возило може да ги замени успешно."
Засега идејата на градоначалникот Ди Бласио наидува и на голем отпор, бидејќи дел од локалните жители се традиционалисти и сметаат дека токму Кочиите носат фасцинација на градот. Возачите на кочии исто така се против, бидејќи ќе останат без работа. Општо земено 64% од жителите на Њујорк се против промената , а меѓу противниците на градоначалникот е и актерот Лијам Нисон. Тој рече дека идејата е безумна и повика градот да го задржи својот идентитет.
На другата страна сепак се бранителите на животните, меѓу кои е и креаторот на eCarriage. Проектот за создавање на електричната кочија е финансиран од организацијата NYCLASS, која инсистира за благосостојба на животните и особено кон коњите. Нејзините експерти пресметале дека за да се заменат Кочиите треба да бидат изработени 68 машини. Очекувањата се тие да бидат целосно готови до крајот на годината. Дотогаш и градоначалникот треба да донесе конечна одлука.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





