(ФОТО) Премиерот и првата дама на божествена литургија во манастирот каде Заев и Борисов ја продлабочија соработката
Објавено во: Стил 08 Јануари, 2019
Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица на божествената литургија присуствуваа во манастирот Водоча кај Струмица.
„На Божик, во храмовите се потсетуваме да ги отвориме срцата за да ја примиме радоста од Христовото раѓање којашто нѐ исполнува во овие свечени денови.
Радоста да им ја посакаме и подадеме и на другите, блиските, најсаканите, и заедно да го преобразиме злото во добро.
Христос се роди!“, напиша премиерот на Фејсбук.
Имено, Манастирот Свети Леонтиј, познат и како Водочки манастир, е македонски средновековен православен христијански манастир и археолошко наоѓалиште кое се наоѓа во селото Водоча близу Струмица. Во манастирот се наоѓа седиштето, односно резиденцијата на владиката на Струмичката епархија, митрополитот г. Наум, а во него живее и женско монашко сестринство.
За оваа прилика првиот министер решил да ги остави формалните одела и изборот на облека паднал на фармерки и јакна, додека првата дама во студеното божикно утро се одлучила за сив капут а комбинацијата ја надополнила со сина марама.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.