(ВИДЕО+ФОТО) ПОРТОКАЛОВ ТЕПИХ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ: Започна „Евровизија 2019“
Објавено во: Стил 13 Мај, 2019 12:30
Тимови од сите 41 земји учеснички на годинашнава Евровизија вчера се
претставија на плоштадот „Хабима“ во Тел Авив, Израел. Тепихот на кој се
претставуваа учесниците е портокалов, а не црвен затоа што оваа боја е логото
на овогодинешниот официјален спонзор.
И тимот на Северна Македонија продефилира на портокаловиот тепих. Облечени во црно, нашите претставници мафтаа на присутните и уживаа во настанот.
„Евровизија 2019“ ќе се одржи под силни безбедносни мерки, пренесуваат европските медиуми. Во главниот град на Израел ќе бидат распоредени околу 8.000 полицајци.
Инаку, оваа година се очекува кулминација на Евровизија поради настапот на Мадона, за чиешто учество спонзорот платил над 1 милион долари.


Видео - Eurovision Song Contest
Фото - Инстаграм
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





