(ФОТО) Запознајте го најсимпатичното градче во Италија кое има Трули куќички
Објавено во: Стил 10 Март, 2019 17:55
Дел од италијанскиот шарм се културните и уметнички богатства, како и историските локалитети кои не се концентрирани само во големите градови, туку се фрагментирани на целата национална територија. Така добивате впечаток дека во Италија се наоѓате во голем музеј под отворено небо.
Средновековни и ренесансни села, села покрај морето, планините и езерата претставуваат најдобра и најголема разноликост на Италија. Места каде се чувствува магијата низ воздухот додека пешачите или во малите историски дуќанчиња. Во Италија ќе го почувствувате гостопримството, единственоста на нивната храна, вкус и традиција.
Нашата желба е да ве запознаеме со малите скриени скапоцени камења на Италија и совршенството на нивното културно наследство.
Малoто италијанско гратче Алберобело во провинцијата Бари е популарно во целиот свет со романтични, снежно-бели куќи со покриви во облик на конуси, наречени Трули.
Овие праисториски згради од варовник од 15 век, кои некогаш биле создадени за магацини, а подоцна се претворија во локални домови, се толку фасцинантни што ги разубавуваат сите реклами од овој дел од Италија. Името на градот значи "прекрасно дрво" и е дел од прекрасниот регион Пуља. Не пропуштајте ја можноста да уживате во прекрасните погледи, како и големата кујна и локалните вина што регионот може да ги понуди.
Уживајте во галеријата а при следна прилика отпатуваjте таму и реално не само виртуелно.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





